Колачи со карамел бонбони
Состојки
- за тесто
- 200 гр брашно
- 100 гр шеќер
- 20 гр какао
- 100 гр маргарин
- 1 јајце
- 1/2 сол
- За полнење
- 150 гр карамели
- околу 100 гр шеќер за валкање
Подготовка
Во длабок сад се стават, какао, шеќер, јајце, маргарин отстојан на собна температура, сол и брашното замесете тесто. Тестото оставете го во ладилник еден час. По еден час тестото го делиме на 21 парче. Од секое парче формираме круг го расплескуваме на дланката на раката во средината ставаме една карамела, ако е голема ја сечеме на половина. Потоа пак формираме круг го валкаме во шеќер и редиме во плек обложен со хартија.
Ги печеме на 180 окулу 15 до 20 минути.
Ви препорачувам, да ги направите со карамелите што ги произведува Европа не се многу големи и по печењето кога ќе оладнат карамелот не се стврднува многу .