Готови се за 15 минути и спремни за јадење.

Сите состојки се ставаат на оган и се меша додека да се соединат состојките. Можете и во поголемо ѓезве да ги приготвувате, полесно ќе биде за сипање во калапчињата.
Се сипа течноста во силиконски калапчиња и се остава да се олади. Може да се стават во фрижидер или во замрзнувач.

Толку!

Ако немате силиконски калапчиња за бонбони, можете слободно да сипете во големо тавче со масна хартија и да сечете коцки, лентички и слично.
Ако случајно остане некое, а тешко дека ќе остане, спакувајте го во пластична кутија и во фрижидер. На собна температура се суши и следниот ден веќе не личи на ништо. Некој ја оплескал, па знае..кхм...
Можете ако сакате да ги правите во различни бои. Ќе сипете една боја, ќе оставите да се олади, па друга боја итн.
Јас користев силиконски калапчиња за бонбони и силиконски калапчиња за лед. Пингвинот е силиконско калапче за лед.
Не треба да се користат пластични калапчиња, нема да може да се извадат бонбоните.
Може да бидат и посни, ако се користи желатин од растително потекло.

Љиљо, го позна ли пингвинот? =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани