Домашни тофифи - здрави колачи без додаден шеќер
Брзи, вкусни и здрави колачи. Најпрво, во топла вода потопете ги урмите. Нека одстојат околу еден час, а потоа излупете ги. Излупените урми, ставете ги во процесор за храна и тука додајте го млекото. Фино измелете и соединете ја смесата.
На страна, многу ситно измелете ги овесните снегулки. Во тава, на умерен оган, додајте го путерот од кикирики, чоколадото, медот и лажицата путер. Оставете состојките да се соединат и растопат. Потоа, оваа смеса се соединува со мелените урми. Во ова, најпрво се додаваат мелените ореви, а потоа и лажица по лажица, се додава од брашното од овесните снегулки. Потребно е да се добие смеса, што се прави како топка и се одделува од садот. Се остава смесата малку да одмори, додека овесните снегулки убаво се натопат.
Во меѓувреме подгответе го преливот така што медот и таанот ќе ги мешате со рачна маталка. Треба да се добие густа смеса.
Од смесата, вадете по едно топче и направете отвор во секое. Потоа, во отворот додавајте од преливот со мед и таан.
На тава, со малку масло растопете го чоколадото. Со растопено чоколадо од горе, прелијте ги колачите.
Оставете ги да се стегнат на ладно, па послужете ги!
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови