Колачиња за добредојде (Јубилеен 600-ти рецепт)
Еве го и мојот 600 ти рецепт. На секој јубилеј, му се радувам како на прв.
Се радувам што сум овде дел од вас. Како и секогаш и овие колачи ги направив со причина за добредојде на моето второ внуче Стефан. Колачите беа превкусни и ароматични. Од овие состојки излегоа две кутии со колачиња.
1. Најпрво се прави тестото. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Се додаваат преостанатите состојки. Сето ова се пече во тава бр28.на 200С-20мин. Се лади тестото .
2. Кога ќе олади, се дроби тестото, се додава млеко и еурокрем. Се меси и се обликуваат бомбици кои се ставаат во замрзнувач 30мин. Потоа се става на секоја бомбица стапче и се прелива со стопена бела чоколада.
3. Мафини- Се матат јајцата со шеќерот. Се додаваат сите состојки. Се става од смесата во хартиени корпи за мафини и се печат 180С-20мин. Горниот дел од мафините се засекува со ноже како капаче и внатре се става од филот и пак се затвора со пресечениот дел. Се украсува со хопла.
4. Фил- Се вари пудингот со шеќерот и млекото. Се лади. Во изладениот пудинг се става изматен маргарин. Може по желба да се збогати вкусот со рендано чоколадо, пасирана банана, мелени ореви. Ова е филот кој се полнат мафините.
5. Јас имам силиконски бебешки модли, во кои прво ги премачкував со чоколадо во 3 слоја, па потоа им ставав од тестото кое беше измешано со еурокремот. Одозгора, пак, им ставив слој од чоколадо. Мафините ги украсив со хопла и одозгора со украси од чоколадо. Сите колачи ги наредив во кутија која ја декорирав по свој избор.
Лиценца: Сите права се задржани
Kolacinjata. Mnogu ubavki.
Cestitki i ja jubilejot. Da se mnozat uste mnogu ubavi recepti.
Преубав повод за частење, нека е здраво и среќно внучето, цел живот да ве радува.
Нека ти се множат убавите рецепти.Поздрав од далеку )))
Најпрво честитки за јубилејот и за прекрасниот рецепт, што го сподели со сите нас. Тука секако мораме да го спомнеме и мотивот за овој јубилеен рецепт, а тоа е раѓањето на вашето второ внуче. Многу љубов и здравје за него и да ве радува уште долги години.
Вакви јубилејни рецепти се убав потсетник за трудот и љубовта, со кои им приоѓаш на твоите рецепти и ги споделуваш со нашето големо среќно кулинарско семејство.
Благодарни сме што те имаме како дел од приказната на Мои Рецепти, и за твојот јубилеј, ти подаруваме Delimano Експрес лонец од 6 литри, во кој, не се сомневаме, ќе подготвиш уште многу вкусни и прекрасни рецепти, што ќе ги споделиш со сите нас.
Едвај чекаме да стигнеме до новиот јубилеј.
Тимот на Мои Рецепти
Исто ти посакувам цел живот да сте среќни со внучето <3