Свински раженчиња со пита лепчиња (јубилеен 600 рецепт)
Се радувам на сечиј јубилеј исто како што се радувам и на мој. Не знам, посебно е чувството кога ќе достигнеш некој број на рецепти, подготвени со огромна љубов кон готвењето. Овде каде што се дружиме мене ми е прекрасно. Благодарност чувствувам кон целиот тим на Мои рецепти, но и кон сите вас од кои редовно учам. Ја искажувам оваа благодарност кон сите вас, затоа што, како што се вели, да не искажеш благодарност е исто како и непредаден, завиткан подарок.
Овојпат се одлучив за едноставни рецепти при обележувањето на јубилејот, исто од роденденската трпеза на мојот син.
Подготовка:
1. За раженчињата, исечете го месото и сланината на коцки со приближна големина. Ставете ги во некој сад и додајте ги зачините. Промешајте убаво, покријте го садот и оставете го неколку часа за месото да се маринира. Најубаво е ако мoжете да го оставите цела ноќ. Стапчињата за раженчињата потопете ги во вода, отприлика половина час, за да не ви изгорат во печењето. Печете на не многу силна скара по 7-8 минути од едната и од другата страна.
2. За пита лепчињата, квасецот растворете го во водата, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете го да се активира. Додајте го брашното и солта и месете се додека не се добие еластично, меко, малку лепливо тесто. Во зависност од брашното може или да се додаде уште лажица-две или да се стави помалку. Затоа не го ставајте целото брашно одеднаш. Кога е готово намрсете го со малку масло одозгора и покријте го. Нека порасне. Со намрсени раце префрлете го тестото на работната површина, малку преклопете го и поделете го на 6 дела. Од секој дел формирајте топче, прекријте ги и оставете ги да одморат петнаесетина минути.
3. Ставете ја тавата на рингла, малку премачкајте ја со масло и загрејте ја на, не многу силна температура. Секое топче тесто со намрсени раце развлечете го, нежно притискајќи низ него и ставете го да се пече по 7-8 минути од страна. Ќе се појават кафеави дамки. Пита лепчињата чувајте ги завиткани во крпа до користењето.
4. Како прилог со раженчињата и пита лепчињата послужив и шопска салата со парчиња сирење, таратур, пржени компирчиња, тенко исечени, парчиња лимон и доста свеж кромид. Лепчињата ги исеков на четвртини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Neka se nizat uste recepti od tvojata kujna
Nazdravje da vi e rucekot
Se nadevam deka ke prodolzime so druzbata na ovaa strana, koja site zaedno ja porasnavme
Uzivaj vo tvojot den
Со убав ручек сте се почестиле за убав повод, нека е среќен роденденот и на синот.
Се најубаво, поздрав.
Честитки драга Јуле, да ти се множат прекрасните рецепти, уште многу, многу јубилеи да славиш ❤
Топол поздрав ❤
Честитки за јубилејниот 600-ти рецепт, навистина импресивна бројка. Ти благодариме за љубовта кон оваа страница и неуморниот труд и креативност кои се проткајуваат низ твоите рецепти. Навистина сме среќни што те имаме за наш член.
Се надеваме дека твојата пасија за готвење и љубовта кон убавата храна, ќе ти траат уште долго, за да можеме заеднички да уживаме во твоите креации. Токму заради твојот придонес кон страницата и кон заедницата, како и по повод овој прекрасен јубилеј, ти подаруваме Multicooker Prime Апарат за готвење.
Сигурни сме дека овој подарок, ќе најде примена во твојата кујна и ќе те инспирира, за уште повеќе јубилеи на кои заедно ќе се радуваме.
Тимот на МоиРецепти
Imam dosta nauceno od tebe, neka se mnozat uste mnogu jubilei i da se druzime uste dolgo tuka.
Cestitki i za nagradata so zdravje da si se sluzis.
честитки јуле и за импозантната бројка на споделени рецепти и за прекрасната награда. да се множат!