1. Припрема на маринада
Во голем сад ги ставаме маслиновото масло, вегетата, буковската пипер, ориганото, рузмаринот и црниот пипер, сето заедно го мешаме, во смесата ги додаваме претходното исечените 24 парчина пилешко месо, сето заедно се меша и се остава да отстои во фрижидер цела вечер.
2. Следниот ден ги сецкаме доматот и кромидот од секој да добиеме по четири парчиња, пиперките на 12 парчина,тиквицата најпрвин се сече по должина и од двата дела треба да се добијат 12 парчиња со дебелина од еден сантиметар.
3. На стапчината се набодуваат парче месо, пиперка, домат, кромид, тиквица и на крај месо. Така наредените ражничи се ставаат на скара да се печат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани