Зеленчукот убаво измијте го и исчистете го. Шампињоните во зависност од големината, исечете ги на половина или четвртинки. Кромидот исечете ги на шест дела, па одвојте ги слоевите. Тиквичката исечкајте ја на тркалца и ако се многу големи, преполовете ги. Мини доматите исечете ги на половина, извадете им го семето. Пиперката исечкајте ја на покрупни коцки. Ставете го зеленчукот во еден длабок сад.
Во помал сад, ставете го маслиновото масло, потиснатиот лук и зачините. Убаво промешајте па со оваа смеса налијте го зеленчукот. Посолете по вкус и убаво измешајте.
Оставете го зеленчукот вака спремен да одстои 30 минути. Земете дрвени раженчиња и редете го зеленчукот по желба.
Ставете на скара да се печат 10-20 мин. во зависност од јачината на скарата. Послужете веднаш, додека се топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани