Испечати

Маринирани шарени раженчиња

Маринирани шарени раженчиња

Состојки

  • 1 кг пилешки гради
  • 3 црвени домати средна големина
  • 3 средни главици кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 1 мала тиквица
  • 200 мл маслиново масло
  • 1 лажица вегета
  • ½ мало лажиче црвена буковска пипер
  • 1 мало лажиче оригано
  • 1 мало лажиче рузмарин
  • 12 стапчина за ражничи

Подготовка

1. Припрема на маринада
Во голем сад ги ставаме маслиновото масло, вегетата, буковската пипер, ориганото, рузмаринот и црниот пипер, сето заедно го мешаме, во смесата ги додаваме претходното исечените 24 парчина пилешко месо, сето заедно се меша и се остава да отстои во фрижидер цела вечер.
2. Следниот ден ги сецкаме доматот и кромидот од секој да добиеме по четири парчиња, пиперките на 12 парчина,тиквицата најпрвин се сече по должина и од двата дела треба да се добијат 12 парчиња со дебелина од еден сантиметар.
3. На стапчината се набодуваат парче месо, пиперка, домат, кромид, тиквица и на крај месо. Така наредените ражничи се ставаат на скара да се печат.