Колачиња за добредојде (Јубилеен 600-ти рецепт)
Состојки
- Тесто
- 3 јајца
- 150 гр шеќер
- 100 мл масло
- 150 мл млеко
- 250 гр брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- Глазура
- 300 гр бело чоколадо
- 9 лажици масло
- уште
- 100 гр хопла
- Мафини
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 100 мл масло
- 100 мл млеко
- 6 лажици брашно
- 1 пециво
- фил
- 1 пудинг од ванила
- 5 лажици шеќер
- 300 мл млеко
- 100 гр маргарин
- по желба ореви, овошје
- 3 лажици еурокрем
- 5 лажици млеко
Подготовка
Еве го и мојот 600 ти рецепт. На секој јубилеј, му се радувам како на прв.
Се радувам што сум овде дел од вас. Како и секогаш и овие колачи ги направив со причина за добредојде на моето второ внуче Стефан. Колачите беа превкусни и ароматични. Од овие состојки излегоа две кутии со колачиња.
1. Најпрво се прави тестото. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Се додаваат преостанатите состојки. Сето ова се пече во тава бр28.на 200С-20мин. Се лади тестото .
2. Кога ќе олади, се дроби тестото, се додава млеко и еурокрем. Се меси и се обликуваат бомбици кои се ставаат во замрзнувач 30мин. Потоа се става на секоја бомбица стапче и се прелива со стопена бела чоколада.
3. Мафини- Се матат јајцата со шеќерот. Се додаваат сите состојки. Се става од смесата во хартиени корпи за мафини и се печат 180С-20мин. Горниот дел од мафините се засекува со ноже како капаче и внатре се става од филот и пак се затвора со пресечениот дел. Се украсува со хопла.
4. Фил- Се вари пудингот со шеќерот и млекото. Се лади. Во изладениот пудинг се става изматен маргарин. Може по желба да се збогати вкусот со рендано чоколадо, пасирана банана, мелени ореви. Ова е филот кој се полнат мафините.
5. Јас имам силиконски бебешки модли, во кои прво ги премачкував со чоколадо во 3 слоја, па потоа им ставав од тестото кое беше измешано со еурокремот. Одозгора, пак, им ставив слој од чоколадо. Мафините ги украсив со хопла и одозгора со украси од чоколадо. Сите колачи ги наредив во кутија која ја декорирав по свој избор.