Кокосови ролатчиња
Замесуваме тесто од брашното, 4 жолчки и квасецот претходно потопен во млако млеко со лажичка шеќер и на крај го додаваме и пецивото.
Тестото го делиме на 3 еднакви дела, формираме погачи и ги оставаме на топло место.
За тоа време го подготвуваме филот
Белките ги матиме во цврст снег со малку сол. Постепено го додаваме шеќерот и кокосот и оваа смеса ја делиме на 3 еднакви дела.
На набрашнета маса развлекуваме правоаголни кори, ги премачкуваме со филот од кокос и ги виткаме цврсто во ролати. Со остар нож сечеме кришки со големина од 4-5 цм. и ги поставуваме исправено на сечената страна, во намачкана и со брашно посипана тепсија.
Внимаваме да не бидат ролатчињата премногу блиску, зошто тие во текот на печењето поприлично ке пораснат.
Се печат во загреана рена на 180 Ц околу 30-40 мин.или додека не добијат бледа боја. Оставаме да се оладат во тепсијата и потоа ги посипуваме со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
фоткава...(си го допира обравчето го монитор и го гушка) :) :) :) :)
Ludo,lani e slikana fotkava i kolku sto se sekavam i togas ne bese mnogu ladno isto kako sega nesto slicno bese vremeto-toplo.Cestito since neka e zivo i zdravo!! :)