Колач со кола фил
Започнуваме со биење само на белките во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе се избијат убаво се додаваат жолчките една по една, брашното, пецивото и маслото. Го сипаметестото во намрсена правоаголна тава бр.40 и печиме 25 мин.на 190 степени.
Кога ќе се излади малку го натураме со топлото млеко.
За филот
Во тенџере ја ставаме колата заедно со шеќерот и ванилата и ги оставаме само да зовријат. Тргаме настрана и ги додаваме бисквитите, оревите и румот. Оставаме да се излади филот и потоа биеме со маргаринот. Го филоваме колачот, ги ставаме и двата шлага и ренданото чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови