Кифли од компир
Рецептот го најдов случајно на една страна, многу одамна беше ама го зачував за проба. Не ми беше нешто многу верен ама решив да пробам, па што биде-биде.
Е бидејќи како ново *откритие* барем за мене, решив да го објавам како мој 100-ти рецепт.
Компирот се вари, се гмечи со вилушка и се остава да излади. Ренданото сирење се додава заедно со брашното во изладениот компир. Се замесува тесто. Ако тестото ви е лепливо се додава брашно.
Расукајте ја кората во округла форма и сечете триаголни парчиња (како за соленки)
Јас не сакав да бидат празни, па им ставив по малку кашкавал внатре.
По рецептот кифлите се пржат, ама може и да се печат. Јас се одлучив за втората варијанта. Одозгора ставив малку рендан пармезан измешан со 1 лажиче сусам и малку чиа семе.
Се печат 15 мин. на 200 степени.
Инаку од оваа смеса ми излегоа околу 10-тина кифли-за проба. Наредниот пат дупла доза. Превкусни беа, јас успеав само 1 парче и половинка од синчето што му остана да пробам. Важно децата се најадија. хахаха
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pozdrav :*
Пред да биде објавен рецептот се спремавме за твојата награда, а потоа (веројатно од што најчесто очекуваме торта за јубилеите) те изумивме.
Ти благодариме за твоите 100 објавени рецепти на оваа страница. Како благодарност ти подаруваме Делимано Фантазија Сет од 5 калапи. Честитки!
Тимот на Моирецепти