Кифли со инстант компир пире (посно)
Мекички, вкуснички ...
Подготовка
1. Замесуваме тесто со млако оризово млеко и сите останати состојки. Го оставаме да стаса па го размесуваме.
2. Тестото го делиме на две топки. Ги оставаме на работна маса 5-10 минути покриени со крпа или најлон.
3. Потоа секоја од нив ја расукуваме и си правиме кифли по желба.
4. Ги премачкуваме со прелив и ги посипуваме со сусам.
5. Ги оставаме да стасаат, а за тоа време ја загреваме рерната на 220 степени.
6. Ги печеме со вентилатор доколку го имате на рерната.
Забелешка
Во оваа доза на млеко имам растворено 4 полни лажици оризово млеко во прав во 420 мл вода. За да ни се лепи сусамот на посни кифли правам прелив од неколку лажици вода во која ставаме 1 лажица брашно и 1 лажица масло. Преливот треба да е густ за да може да се размачкува на секоја кифла, односно да не е течен па да се разлева. Кога правам вакви кифли, правам дупла доза. Затоа на дополнителната фотографија има 4 топки од тесто.