100 милилитри вода да зовријат со 2 лажици кафеав шеќер и 1 лажица инстант кафе. Со ова ги попаруваме житните снегулки.
Ставаме на пареа да се стопат 125 грама маргарин и 100 грама чоколада. Ова го додаваме на житните снегулки. Бисквитите ги мелиме, оревите ги сецкаме и ги додаваме кон снегулките. Се заедно мешаме и смесата ја ставаме на намастен правоаголен калап. Од горе посипуваме со житни снегулки. Оставаме да се излади и го ставаме колачот во фрижидер. После неколку часа може да се сечат коцки и да се проба .Едноставно, брзно, посно и вкусно
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови