Испечати

Коцки со инстант кафе и житни снегулки (посно)

Коцки со инстант кафе и житни снегулки (посно)

Состојки

  • Состојки
  • 6 лажици житни снегулки од Натура
  • 1 лажица нес кафе
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр посна чоколада за готвење
  • 200 гр посни бисквити
  • 100 гр ореви

Подготовка

100 милилитри вода да зовријат со 2 лажици кафеав шеќер и 1 лажица инстант кафе. Со ова ги попаруваме житните снегулки.
Ставаме на пареа да се стопат 125 грама маргарин и 100 грама чоколада. Ова го додаваме на житните снегулки. Бисквитите ги мелиме, оревите ги сецкаме и ги додаваме кон снегулките. Се заедно мешаме и смесата ја ставаме на намастен правоаголен калап. Од горе посипуваме со житни снегулки. Оставаме да се излади и го ставаме колачот во фрижидер. После неколку часа може да се сечат коцки и да се проба .Едноставно, брзно, посно и вкусно
На здравје.