Превкусен интегрален леб со семиња и житни снегулки
Највкусниот, најмекиот и најароматичниот домашен
леб кој сум го направила. Ем здрав ем вкусен.
Навистина ми требаше малку повеќе време, ама
тотално вредеше. И следниот ден е лебот превкусен
и мек и не се рони. Вреди да се проба. Од оваа доза добив 2 големи лебови, вие можи да
ја преполовите дозата и да си направите еден.
Припрема
Прелејте ги житните снегулки и семињата со жешката вода и оставете ги 15тина минути.
Кога ќе биди водата топла, а не жешка додадете го сувиот квасец и шеќерот. Нека
постојат 10 тина минути да запени квасецот. Потоа додадете сол и сите видови на
брашно, мешајте, а на крај омекнатиот путер. Можите да користите и миксер со
маталките за тесто или замесете со рака.
Оставете го тестото покриено со најлонска фолија околу 30 мин на топло место да
нарасти.