Највкусниот, најмекиот и најароматичниот домашен леб кој сум го направила. Ем здрав ем вкусен. Навистина ми требаше малку повеќе време, ама тотално вредеше. И следниот ден е лебот превкусен и мек и не се рони. Вреди да се проба. Од оваа доза добив 2 големи лебови, вие можи да ја преполовите дозата и да си направите еден.

Припрема

Прелејте ги житните снегулки и семињата со жешката вода и оставете ги 15тина минути. Кога ќе биди водата топла, а не жешка додадете го сувиот квасец и шеќерот. Нека постојат 10 тина минути да запени квасецот. Потоа додадете сол и сите видови на брашно, мешајте, а на крај омекнатиот путер. Можите да користите и миксер со маталките за тесто или замесете со рака.
Оставете го тестото покриено со најлонска фолија околу 30 мин на топло место да нарасти.
Потоа префрлете го на набрашнета работна површина и замесете го со намаслени раце. По потреба додадете уште брашно ако тестото ви е многу лепливо. Поделете го на 2 дела и оформете 2 векни леб. Ставете ги на набрашнет плех и оставете ги на топло место да нараснат до дуплирање на волуменот.
Потоа ставете ги да се печат на 180 степени околу 40 минути, засечете ги пред печење.
Откако ќе се испечат, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги да се оладат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови