14
апр
2020
Кафе бомбици (Винчини)
Бомбициве се одлични, брзо се прават а уште побрзо се јадат.
Бисквитите винчини се мелат исто и лешниците.
Во сад на тивок оган се ставаат млекото, путерот, какаото, кафето и шеќерот. На тивок оган полека се мешаат додека не се добие кремаста маса. На крај се додава преливот од чоколадо. Оваа смеса се додава кај бисквитите и лешниците.
Со рака се формираат бомбици. Јас ги валкав во шеќер во прав и мелени ореви.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови