18
апр
2020
Бомбици Винчини со банана и ореви
1. Наполитанките од Винчини ги мелиме во сечко или во нутрибулет.
2. Бананата ја сечкаме, го ставаме чоколадниот крем и со рака ја обработуваме смесата.
3. Ги додаваме мелените ореви и со влажни раце формираме бомбици.
4. Бомбиците ги шараме со чоколаден прелив Чокола.
5. Ги ставаме во фрижидер да се стегнат малку.
Брзо, лесно и вкусно.
Зависно колкави ќе ги обликувате бомбиците, ќе добиете од 12 до 15 бомбици.
За декорација користев чоколаден прелив со што скратив време за подготовка на чоколадна глазура, а секако нели декорацијата може да биде по ваш избор.
Лиценца: Сите права се задржани