Кафе бомбици (Винчини)
Состојки
- 200 гр мелени Винчини бисквити
- 150 гр мелени лешници
- 100 гр путер
- 100 мл млеко
- 2 лажици какао
- 1 лажица чоколаден прелив Винчини
- 1 лажица инстант кафе
- 5 лажици шеќер
- сок од половина портокал
- За валкање-шеќер во прав и мелени ореви
Подготовка
Бомбициве се одлични, брзо се прават а уште побрзо се јадат.
Бисквитите винчини се мелат исто и лешниците.
Во сад на тивок оган се ставаат млекото, путерот, какаото, кафето и шеќерот. На тивок оган полека се мешаат додека не се добие кремаста маса. На крај се додава преливот од чоколадо. Оваа смеса се додава кај бисквитите и лешниците.
Со рака се формираат бомбици. Јас ги валкав во шеќер во прав и мелени ореви.
На здравје!