9
мар
2012
Зебра колач
Матете ги јајцата и шеќерот.Додадете ги млекото и маслото па продолжете со матење.
Во друг сад,помешајте го брашното,прашокот за печиво,ванилиниот шеќер и постепено додадете.
Смесата поделете ја на 2 дела.Во едниот дел додадете го какаото.
Калапот намастете го и побрашнете го.На средината на калапот,ставете 3 лажици од белата смеса.Врз неа,пак во средината,ставете 3 лажици од темната смеса.Продолжете наизменично се додека ги потрошите и двете.Нема потреба од какво и да било израмнување на масата,ниту пак протресување на калапот.
Печете во предходно загреана рерна на 180 степени.Печениот колач посипете го со шеќер во прав.
Лиценца: Сите права се задржани
мора да се напомене, ќе биде правен уште многу пати :)
гостите беа воодушевени од шарата, а јас само задоволно им се смешкав во стилот: тоа ви е кога не си наоѓате рецепти од МоиРецепти :) :) :) :)
ја оплескав и ги посипав со шеќер во прав, па шарката од горе не се гледаше за сликање, па дував, дував и на крај ко циганче го излижав шеќерот за да ги сликам :) :) :) :)