Колач Зебра (со путер и павлака)
1. Јајцата ги матиме со миксер заедно со шеќерот. Полека ги додаваме брашното, павлаката, омекнатиот путер, пецивото и ванилата.
2. Тестото го делиме на два еднакви дела. Во првиот дел го додаваме две лажици брашно и убаво го мешаме, а во вториот дел го додаваме какаото и исто така го мешаме.
3. Тавата бр.30 ја покриваме со пекарска хартија и почнувајки од центарот на тавата една по една лажица го додаваме белото тесто, потоа врз него темнототесто и на таков начин го трошиме целото тесто и ја добиеме „Зебра„ ))
4. Колачот го печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.
Ако колачот почне да загорува одозгора го покриеме со фолија и релната ја намалуваме на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови