11
јун
2015
Зебра колач (посно)
1. Шеќерот, водата, маслото, пецивото, ванилата и брашното ги ставаме во еден сад. Мешаме додека да се соединат состојките.
2. Смесата ја делиме на два дела. Во едниот дел го додаваме какаото. Мешаме.
3. Во округло караванче бр. 28 кое е претходно премачкано со масло тураме со голема лажица ( кутлача )наизменично од двете смеси. Првин тураме од кафената смеса во средината од караванчето, потоа во средината на кафената смеса тураме од белата смеса се додека не ги потрошиме и двете смеси. Печиме на 180 степени 40-50 минути.
Филџанот е со големина од 100 мл.
Лиценца: Сите права се задржани