Испечати

Зебра колач

Зебра колач

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млеко (собна температура)
  • 2 шолји брашно
  • 2 лажици чоколадно какао
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 шолја шеќер

Подготовка

Матете ги јајцата и шеќерот.Додадете ги млекото и маслото па продолжете со матење.
Во друг сад,помешајте го брашното,прашокот за печиво,ванилиниот шеќер и постепено додадете.
Смесата поделете ја на 2 дела.Во едниот дел додадете го какаото.
Калапот намастете го и побрашнете го.На средината на калапот,ставете 3 лажици од белата смеса.Врз неа,пак во средината,ставете 3 лажици од темната смеса.Продолжете наизменично се додека ги потрошите и двете.Нема потреба од какво и да било израмнување на масата,ниту пак протресување на калапот.
Печете во предходно загреана рерна на 180 степени.Печениот колач посипете го со шеќер во прав.