Завиено слатко печиво со фил
Во сад со брашно се става на средина во вдлабнатина квасецот, се налева млекото, се става малку шеќер и нека се активира. После се додава јајцето, останатиот шеќер, малку сол.
Се меси тесто, подолго време (5 мин.) зависно од брашното, можно е да сака уште малку посип од брашно, регулирајте додека се меси. Тестото се остава нека одмори од прилика 15 -тина минути се со цел да е поеластично и полесно се сука.
Се дели на 2 дела од секој дел се сука со оклагија кора. Секоја се премачкува со биен маргарин во кој сме додале каранфилче и цимет по вкус, нека се потроши за двете кори целата количина маргарин. Над маргаринот се премачкува мармалад од модри сливи, па се роси од сувото грозје, притоа кората не се измачкува до крај туку се остава последната третина ненамачкана со мармалад. Така се вие во ролат од долгата страна, па ќе се добијат 2 ролати, тие се испреплетуваат меѓусебно како спирала (лабаво,да не се стегнати).
Ставете ги во подмачкан калап со маргарин да се печат по избор, било тоа да е калап за векна или калап за куглоф како кај мене. Вака подготвеното тесто со фил се остава добар саат и пол нека надојди. Се премачкува со 50-тина гр. истопен маргарин најгоре пред печење. Се печи во загреана рерна на 200, запечено се намалува на 175...ставете хартија да не изгори. Потребни се 45 минути, зависно од рерната секако. Се вади од калап и се прекрива со крпа, нека се лади потоа сечете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови