24
мар
2014
Посен гулаш со печурки
Кромидот се сецка на парчиња. Морковот се чистии се сече на ситни коцки. Печурките се лупати се сецкаат на поситни парчиња.
Во подлабок сад се става кромидот, морковот, печурките и се налева со една чаша вода.
Во садот се додава ловоровиот лист и се става да се вари на потивок оган околу 80 минути. Повремено се протресува и после 80 минути се додава доматното пире, зачините и виното.
Се остава уште 30 минути да врие, а потоа се сервира со тестенини или како самостоен оброк.
Лиценца: Сите права се задржани