Гулаш во рерна
Мала промена од класичната варијанта, заштедува време, а и не мора постојано да стоиме над ручекот и да го пазиме =)))
1. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го во поголем сад да се пржи. Кога малку ќе омекне додадете го и протиснатото лукче и оставете да се продинста кратко. Потоа додадете го и месото исечено на коцки, промешајте, намалете на најтивко и поклопете со капак. Нека се динста 30тина мин. Повремено промешувајте.
2. По 30 минути додадете ги печурките пресечени на половинки и промешајте. Кога малку ќе омекнат додадете го и виното и оставете да крчка 2-3 минути. Додадете ги црвениот пипер и зачините и убаво промешајте, па додадете ја и водата.
Во тава со малку зејтин направете запршка со 1 лажица брашно и додадете во тенџерето.
3. Префрлете ја целата содржина во пекач и ставете во загреана рерна на 180С да се пече 1 час и 15-20 мин.
Оставете малку да се излади па послужете, самостојно или со прилог по желба.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани