Виенска чоколадна торта
Во два сада ги делиме белките од жолчките.
Во садот со жолчките додаваме 75 гр. шеќер и 1 ванила.
Матиме додека шеќерот не се растопи.
Бисквитите ситно ги кршиме или сецкаме.
Лешниците ги мелиме.
(јас ги ставив во сецкото и бисквитите и лешниците)
Белките ги матиме со 75 гр. шеќер и 1 ванила,додека да добиеме цврст снег.
Го исклучуваме миксерот и мешајќи со лажица ги додаваме разматените жолчки.
Се додаваат и бисквитите и лешниците.
На јадрата страна од рендето го рендаме чоколадото за готвење и го додаваме во пандишпанот.
Калапот за печење го намрсуваме и набрашнуваме.
Го налеваме тестото за пандишпан во калапот и го ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени. Ќе проверувате кога е готово со чепкалка.
Печениот пандишпан го оставаме да излади а ние ја подготвуваме глазурата.
На пареа го топиме чоколадото кое претходно го искршивме на коцки.
Додаваме путер и мешаме со жица додека не се растопи.
Ја тргаме смесата од оганот и додаваме 1 јајце и 200 гр. шеќер во прав.
Пандишпанот го сечеме на 3 дела.
Го редиме првиот дел. Попрскуваме со рум, а потоа рамномерно премачкуваме мармалад од кајсии. Го ставаме следниот дел од пандишпанот и постапката ја повторуваме. Ја поклопуваме тортата со последниот дел од пандишпанот.
Вака наредена тортата ја прелеваме со глазурата.
Врз глазурата декорираме со листови од бадем.
Тортата оставете ја во ладилник да се стврдне глазурата.
На здравје со оваа прекрасна стара Виенска торта.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ова е мешавина на киселкаст и благ вкус. Сочна и превкусна торта.
Eve da te pocestam . Fala ti :)