Вертикална погача со спанаќ
1. Квасецот растворете го во садот со млекото. Во друг поголем сад ставете ги останатите состојки за тестото, додадете го растворениот квасец и замесете меко тесто. На почето тестото малку лепи, но со месење станува меко и еластично.
Месете подолго време (околу 10тина мин.), а потоа ставете го на топло да стасува.
2. Спанаќот ситно исецкајте го, а сирењето изрендајте го на крупната страна од рендето или убаво згмечето го со вилушка (треба да биде ситно за убаво да се спои со спанаќот). По потреба додадете сол.
3. Кога тестотот е стасано префрлете го на малку набрашнета работна маса и развлечето голема кора. Потрудете се да биде со правилна правоаголна форма за полесно да сечете. Потоа сечете ленти со ширина во зависнот колку сакате да биде висока погачата. Моите ленти се по 6см, а првата лента е 6.5см. Нанесете од филот врз првата лента и свиткајте ролат. Потоа врз останатите ленти и продолжете со виткање каде што завршува секоја наредна лента (исто како и со пандишпани за вертикална торта). Не виткав директно во садот за печење туку виткав на работна маса, а потоа целата погача ја ставив во сад за печење. Калапот е со пречник 18см, но не треба целосно да се исполни, отприлика погачата беше со дијаметар 17см. Потоа ставете го садот повторно на топло да стаса, околѕ 30тина мин.
4. Премачкајте со разматено јајце, наросете сусам и ким и ставете мали коцкички маргарин. Ставете да се пече во загреана рерна на 220С, веднаш штом фати боја од горе покријте со фолија и нека се допече убаво.
Послужете со кисело млеко или јогурт.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Кларич го избрав тој фил заради поубав контраст кога ќе се пресече, секако може и со друг фил, а може и празна :)
Толку вкусна што кога се вратив од работа за готвачот имаше оставено само едно парченце.
Теофанија прво помислив на полжав, ама ете бидна вертикала :)))