Вертикална бисквит торта
Оваа лесна торта, случано ја најдов на интернетот и одма ја испробав. Лесна за правење и за кратко време имаме декоративна торта, без печење и матење.
Најпрво се подготвува пудинот од ванила. Во сад на оган се става 400 мл. млеко да зоврие. Во 100 мл. ладно млеко се раствара прашокот за пудинг од ванила и 4 лажици шеќер и откако ќе се раствори се истура во зовриеното млеко. Се меша додека пуднингот не се згусти. Се трга на страна и се додава и 60 гр. маргарин. Се меша постојано да се растопи маргаринот. Истата е и подготовката на пудингот од чоколада.
За оваа торта ни е потребен тесен, а долгнавест платичен сад, кој се обложува со проѕирна фолија. На дното и страничните делови на садот се редат бисквити. Се истура 3-4 лажици пудинг од ванила на дното и се распоредува по површината, така бисквидите ќе се залепат. Потоа секој бисквит се зема, се премачкува со пудинг од ванила и се реди вертикално во калапот (како на сликата подолу). Постапката се повторува се додека не се исполни садот (калапот).
Откако ќе се свари чоколадниот пудинг се истура врз наредените бисквити и дури може малку садот да се протресе за да убаво пудингот навлезе помеѓу бисквитите. На крај над чоколадниот пудинг се редат бисквити. Се остава тортата во ладилник неколку часа да се стегне, а потоа се сечат парчиња и се служи.
Доколку сакате, тортата може да се украси со шлаг или друго по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Доста интересно изгледа,а уште подобро што е и едноставно за правење