Венец погача (посно)
На 29 Декември по Православен календар, нов стил, се слави Света Царица Теофанија. Бидејќи мојата ќерка го носи името на оваа прекрасна светителка, за благодат, мир и здравје, си носам лепче во црква. Ова беше лепчето, погача кое го подготвив за овој убав ден.
Декорацијата се надевам дека ќе ви се допадне, па можете да си ја направите и со вашето омилено тесто за кифли или погачи. Составот кај мене беше едноставен со оглед дека се работи за посна погача.
1. Со млака вода се замесува средно меко тесто од сите состојки за тесто и се остава да стаса.
2. Откако ќе стаса се дели на 9 топчиња. Во тавче бр. 26 се става хартија за печење или пак истото се намрсува.
3. Едното топче го расукуваме колку што е големо дното на тавчето и го ставаме во тавчето. Ги редиме во круг другите осум топчиња, со тоа да бидат поблиску до краевите на тавата, ама да имаат место и да стасаат.
4. Топчињата ги премачкуваме со смесата од сенф, мајонез и вода и ги посолуваме со семиња. Тестото на дното го расекуваме на осум крака ( расекувањето е помеѓу две топчиња), т.е листа и со секој лист покриваме по едно топче.
5. Чекаме да стаса погачата околу 15 минути, а за тоа време ја загреваме рерната на 200 степени.
6. Печеме околу 20-25 минути. Откако ќе ја извадиме од рерна ја премачкуваме со масло.
Забелешка
Првото топче може да биде за нијанса поголемо од другите 8 топчиња, ама и не мора.
Печев во загреана рерна со вентилатор, затоа внимавајте кога печете, секоја рерна е различна и не се врзувајте за времето толку стрикно.
Расекував со ноже за пица.
Лиценца: Сите права се задржани