Велигденски ролат
Нека не ве плаши листата на состојки. Рецептот е едноставен, само бара малку повеќе време од вообичаеното. Крајниот резултат вреди да се потрудите малку повеќе.
1. Може да користите месо од било кој дел, но ова од ребрата е особено сочно и меко и затоа се одлучив токму за тоа. Коските извадени и добивате убаво парче погодно за ролување.
2. Сите суви состојки измешајте ги и убаво од сите страни наросете врз месото, тапкајте и притиснете со раце за убаво да се залепи. Јас ја потрошив целата количина на зачинот, доколку ви остане складирајте во тегличка и користете си го повторно. Потоа завиткајте го месото во ролат и оставете го во фрижидер да стои. Бидејќи рецептот ми беше смислен неколку дена претходно, си го распоредив времето па така 12 часа месото стоеше во сувиот зачин и 12 часа со водената маринада.
3. За маринадата само измешајте ги убаво состојките, да се раствори сенфот, месото одвиткајте го и претурете ја маринадата убаво да биде опфатено од сите страни. И повторно оставете во фрижидер.
4. Извадете го садот од фрижидер, барем 2 часа пред да печете да биде на собна температура.
Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче да се пропржат убаво. Додадете ги печурките сецкани на листови и оставете да динстаат додека не испари течноста. Потоа додадете го сецканиот спанаќ, зачинете по вкус и оставете повторно да испари течноста. На крај додадете ја урдата, промешајте и тргнете од оган.
5. Месото извадете го од маринадата и ставете на даска. Распоредете го филот но не до крај и лесно завиткајте во ролат. Прицврстете убаво со готварски конец и ставете во пекач.
6. Маринадата претурете ја во сад на оган, додадете ја водата, парчињата целер, морков, лукчето и ловоровиот лист и оставете да зоврие. Во меѓувреме убаво загрејте малку зејтин и попарете го месото. Може и да се запржи од сите страни, но заради полнењето оваа варијнта со попарување е подобра. Кога маринадата ќе зоврие, претурете ја во пекачот, поклопете со капак и ставете да се пече. Рерната претходно загреана на 220С, кога ќе ставите ќе намалите на 180С. На секои 20-30 мин. преливајте го месото со течноста. По 1час намалете на 160 и оставете уште 45 мин. На 10 мин пред крај, тргнете го капакот и оставете да добие убава боја. Кога е готово извадете го на чинија и оставете барем 20тина мин. да се одмори.
Доколку сакате содржината од пекачот ставете ја во блендер и направете си сос.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани