Велигденски ролат (милиброд со афион)
Постои ли Велигден без милиброд, бев месено тесто со суво грозје, без убава мирисна трпеза. Да ја збогатиме трпезата и со уште еден убав рецепт, домашен месен милиброд со афион. Јас за прв пат користев готов фил, како за проба инаку си го спремав со млеко. Ќе ја пишам цела постапка, да се знае добро.
1. Замесив едно многу убаво лепливо тесто од состојките погоре. Во млекото го растопив квасецот додавајќи му шеќер, а настрана во друг сад ги смешав брашното, јајцата, шеќерот, маслото .
2. Замесив убаво тесто, кое пред крајот го зачинив со рендана кора од лимон. Оставив да стаса. Го притиснав двапати, да стаса, некако подбро ми испаѓа тестото кога ми е подолго стасано, поубаво ми се.
3. Го поделив тестото на два дела,па расукав две кори. Големината ја одредив според тавата.
Овој пат купив еден готов фил со афион, а составот е ист како оној кој претходно си го спремав.
4. Го распослав филот насекаде врз кората, па замотав ролат. Спојката на ролатот гледајте да дојде на долниот дел каде ќе стои, за да не распука во печењето. Повторете ја постапката со вториот, па премачкајте ги ролатите со разматена жолчка помешана со зејтин.
5. Веднаш ставете да се пече во загреана рерна. Штом ролатот ќе добие убава браун боја, ставете фолија врз него и продолжете да печете убаво да си зоврие во внатрешноста.
6. За филот кој го спремам дома, користам млеко. Млекото го помешувам со шеќерот,а кога ќе се стопли убаво, додавам афион и ванила. Така промешан филот е спремен за употреба.
Нека ви е слатко и среќни празници најмили.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови