Милиброд
Се замесува тесто од брашното, зејтинот, јајцата, стасаниот квасец со млекото, шеќерот, изрендана кора од портокалот и ванилите. Тестото се остава да стаса, а потоа се размесува. Додека стасува тестото сувото грозје се попарува со вриена вода, се цеди и се става во сокот од портокал.Стасано тестото се дели на 4 топки, а секоја од нив на три. Од трите топки се прават тенки јажиња, се става по средината суво грозје и се плетат плетенки. Се оставаат да стасаат и се премачкуваат со изматено јајце со 1лажичка шеќер во прав. Се оставаат да стасаат и се печат во загреана рерна на 200степени околу 20мин и на 160 уште 20
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Фала ти Маја- од оваа доза излегуваат4 плетенки и долго остануваат меки.
го чекаш да стаса, па стасано го смрзнуваш или само смотано во плетенка одма го смрзнуваш? :)
аза печење чекаш да се одмрзне или смрзнато го фрлаш да гори во огнот? :) :) :) :)
те прашувам бидејки смрзнато тесто има некој чуден вкус.....или јас сум ептен труба во кујна :) :) :) :)
затоа сум збунето ко дете во дизниленд :) :) :) :)
Ama sepak tie se fabricki i momentalno se smrznuvaat za nekolku minuti ,moze gresam,ama sepak ke pocekame poiskusnite da ni kazat da ne se zbrkame jas i ti
е сега (пак јас со моите тупаџиски прашања) како го одмрзнуваше?
го остави сам или во рерна(микро)?
прашувам бидејки една другарка ми викаше во рерна на 50 степени се одмрзнувало тесто, ама јас мислам дека ќе се исуши така :)
како ли се претвораат тие портокаловите букви ццц.... (се нервирам)