Подготовка :
1. Квасецот се остава да стаса во малку топло млеко со шеќер
2. Брашното, солта, шеќерот, јајцата, млекото и квасецот се замесуваат. Се остава тестото да се одмори околу 40 минути.
3. Повторно се размесува тестото и во него се додаваат лешниците и сувото грозје.
4. Се дели тестото на 4 дела и од нив се растегнуваат 4 кори
5. Корите се премачкуваат со џем и се посипува врз мармеладот мелени ореви.
6. Се виткаат во ролати и се редат во 2 големи плеха (по 2 милиброда во плех) од рерната премачкани со малку маргарин
7. Повторно се оставаат да се одморат околу 40 минути
8. Се премачкуваат ролатите со матена жолчка со малку зејтин и се попрскуваат со сусам и со мак (афион)
9. Се печат на 180 С околу половина час
10. Милибродот се посипува со шеќер во прав и се сече на парчиња- рибанки
11. Се послужува со мојот омилен пијалок – МЛЕКО.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани