Неодолив десерт за на плажа, а идеален за деца кои баш и не сакаат овошје.

Подготовка
Крушите ги лупиме, а им ги оставаме дршките. Ги ставаме во тенџере на оган со дршките нагоре и ги прелеваме со вода, во која сме исцедиле сок од портокал и сме ги ставиле зачините како и ванилата. Вариме на тивок оган додека крушите да омекнат, околу 10-15 минути, сепак тоа зависи и од крушата.
Ги вадиме од сокот, ги ладиме па ги прелеваме со чоколадниот прелив.
Слатката павлака ја ставаме на оган до точка на вриење, ја тргаме од оган (да не врие) и во неа ги ставаме коцките од чоколадо. Мешаме додека да се изедначи смесата. Секоја крушка ја прелеваме со чоко-преливот и ја ставаме во корпи од кора од портокал, па во фрижидер да се стегне малку преливот. Ги пакуваме во пластичен сад со капак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани