Калап за торта со пречник 26 цм намачкајте го со путер и на дното и страните обложете го со хартија за печење.
Стопете го путерот и измешајте го со мелените бисквити. Ставете ги во калапот и со лажица израмнете ги. Оставете ги во фрижидер и припремете го филот.
Крушите ставете ги во тава, додајте ја водата, сокот од лимон, циметот и една лажица шеќер и на среден оган нека се динстаат додека течноста испари. Потоа оставете ги да оладат.
Чоколадата стопете ја на пареа и оладете ја.
Сирењето изматете го со шеќерот во прав. Додајте ја чоколадата и продолжите со матењето да се изедначат. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, млекото и нишестото. На крај додајте ги крушите и измешајте ги со лажица.
Смесата истурете ја во калапот со бисквити и печете во загреана рерна на 170 степени околу 50-60 минути.
Печената торта оставете ја неколку часа целосно да се олади и послужете ја.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани