Колач со круши и прелив од вино
Ова е еден вкусен, убав есенски колач кој се приготвува многу едноставно.
1. Се лупат крушите, се сечат на половина и има се вади средината со семките. Се ставаат во садот со водата, шеќерот и циметот и се остава да проврие.Се вари на тивко околу 10 мин. колку да омекнат крушите и да примат од аромата.
2. Потоа крушите се вадат од садот, а на течноста и се додава виното и се остава на тивко да врие за течноста да се редуцира и да добиете густ прелив. Додека врие виното, алкохолот испарува така да на крај ќе добиете еден преубав ароматизиран прелив со вкус на грозје.
3. Крушите се сечат на долгнавести парчиња и се редат во садот во кој ќе го печете колачот, а во кој претходно се ставиле намастена хартија за печење.
4. Тестото се приготвува едноставно. Посебно се ставаат сувите, посебно течните состојки. Сувите состојки се промешуваат и се додаваат во садот со течните состојки. Се мати со миксер кратко време додека не се добие воедначена кремаста смеса.
5. Смесата внимателно се нанесува врз крушите и се става во рерна да се пече на 180Ц додека убаво не се зацрвени.
6. Се служи со преливот од вино, а по вкус може да се додаде и матена слатка павлака.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Inaku me bendisa se komplet! :-)