Моите први слатки американски палачинки. Не се којзнае што на изглед, ама беа навистина вкусни.

1. Прво го правиме преливот од круши. Крушките ги лупиме ги залеваме со лимон и ги ставаме на оган со малку водичка да омекнат. При крајот додаваме мед и зачини. Може да додадете и рум ако сакате. Ги ставаме да се ладат.
2. Жолчките се матат со сол, па се додаваат останатите состојки за првиот дел од смесата.
3. Белките се матат со солта, пенасто, во цврст снег и внимателно се мешаат со првиот дел од смесата, така да целата новосоздадена смеса да има воздушеста структура.
4. Ставаме од смесата со лажица на тавче, нелепливо, со неколку капки масло и формираме каква големина на палачинки сакаме. Ги печеме на оган на средна температура на рингла. Кај мене ги сакаат попечени, па затоа и имаат потемна боја.
5. Мачкаме мармалад, па ставаме од преливот со круши на секоја палачинка.

Може и без мармалад, ама така моите ги сакаат, што повеќе фил тоа подобро за нив, а јас лично си ги сакам само со преливот.

Забелешка
Шољата е од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани