Американски палачинки со нутела и чоко прелив
Рецептот е од нетот и тоа како оригинален за американски палачинки, можеби грешам, но сепак ви ги препорачувам бидејки се доста вкусни и брзи за подготовка.
Во сад за матење се ставаат сувите состојки и се мешаат со жица за матење. Се додава млекото, се меша. Се додаваат јајцата и сега се мати со миксер, па истовремено додека се мати се додава и течниот путер во тенок млаз.
Се добива мазна и густа смеса.
На средно јака загреана рингла се загрева тавчето за палачинки, многу тенко намастено со масло, но ако е Делимано нема потреба од намастување.
На загреаното тавче со супена лажица се става од смесата и со лажицата се распоредува на тавчето/ палачинка со дијамета од околу 15-20см/. Се печи до златно румена боја и се превртува од другата страна.
Готовите палачинки се мачкаат со кремот, овај пат со нутелата и се редат една врз друга по 3 палачинки за порција. Се преливаат со чоколаден прелив.
Оваа верзија е онака како што беше во рецептот, но јас би ви препорачала за благи палачинки да ја намалите количината на сол на 1/2 лажичка, а додека за солен сос или прелив може количината од рецептот.
Од дадената количина на состојките се приготвуваат околу 10-сетина палачинки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ednostavni i brzi ,bez da se odvojuva mnogu vreme za podgotovka....