Буено Торта
Лешниците се печат и се дробат. Белките се матат во цврст снег и се додава шеќер и матиме дури да се истопи. Се додава брашно и полека мешаме да се соедини.
На хартија за печење се стават лешницитеи преку нив се турваат белките. Се печи на 180 степени 15-20 мин. Печената кора се превртува со лешниците нагоре.
Во 1,3 литар млеко го ставаме ванилинот шеќер и оставаме да зоврие. Во преостанатото млеко ги ставаме жолчките, шеќерот, пудингот и 3 мали лажички брашно. Го тураме во зовриеното млеко и го вариме филот. Се лади со повремено мешање. Маргаринот се мати со шеќер во прав и се додава во филот. Филот се дели на два дела и во едниот дел додаваме растопено чоколадо. Еурокремот се топи и се мачка преку лешниците. Бисквитите се кршат и се редат на еурокремот, па се мачка црн фил па бел фил. Со белиот фил се премачкува целата торта.
Шлагот се мати со кисела вода и се декорира по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови