Стаса Фраерот, па се експериментира одма.
Покрај помфрит, прстени од кромид, ќебапчиња, па дури и домашни колбаси по предлог на Ики, дојде време и десерт да се испроба, па така додека се обезбедам со тава, прва опција беа мафини и тоа такви кои беа појдовна идеја од еден класичен рецепт, па јас не би била јас, како и повеќето вие, па додадов какао, додадов крем, малку сецнав на количина и воалаааа се направија едни прекрасни и превкусни мафинчиња, на мое пријатно изненадување плус посебни, со крцкава кора одозгора и мека, вкусна внатрешност. Вистинска уживанција!
Во мини куглоф силиконски калапчиња кај мене од оваа доза излегоа 10 мафинки, готвени на 2 пати во Фраерот.

1. Со миксер најпрво се мати јајцето со шеќерот и ванилата, па постепено се додаваат водените и потоа сувите состојки.

2. Силиконските калапчиња се премачкуваат со масло и се става во секое по една лажица од тестото за мафини. Потоа се става од кремот и врз него повторно по една лажица од смесата.

3. Ставете ги во Аир Фраерот на 180С и печете ги на топол воздух 10 минути. Кај мене требаше уште додатни 5.

4. Јас користев калапчиња со вдлабнатина во средината, па кремот го распоредував околу како во мали куглофи. Користев мини лажиче за таа димензија и со сигурност не знам точно колку крем влезе. Но, ако правите класична форма на мафини, верувам ќе треба можеби и повеќе од дозата која е наведена.

Исто така, буено кремот може да го замените со било кој крем.

Готовите мафини украсете ги со шлаг пена и чоко прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани