Киндер буено торта
Најпрво спремете го кремот за да можи да се лади додека се печи кората.
Стевете 800 мл млеко да се вари и додадете ја аромата ванила во него.
Во сад на страна изматете ги жолчките со шеќерот. Потоа матејќи додадете го прашокот за пудинг, брашното и останатите 200 мл млеко. Сипете ја смесата во врелото млеко и сварете густ крем. Оставете го да се лади со повремено мешање, покриено со фолија или како ви е згодно.
Во меѓувреме, изматете цврст снег од белките и шеќерот. Со шпатула вмешајте го потоа брашното и на крај лешниците.
Смесата излијте ја во калап со обрач бр 26, кој предходно сте го обложиле со пек-хартија.
Печете 10на мин. на 180С, односно додека стани цврсто на допир и почни благо да потемнува.
Малку подоладена, извадете ја кората од калапот и истргајте ја хартијата, па вратете ја пак во него.
Изматете го путерот со шеќерот во прав, па потоа изматете го заедно со оладениот сварен крем.
Кремот поделете го на 2 дела. Во едниот додадете го растопеното и подоладено чоколадо.
Кората напрскајте ја со помош на лажичка со околу 50на мл млеко. Премачкајте ја со слој нутела крем и врз неа поредете од бисквитите кои предходно кратко ќе ги намакате во млеко.
Потоа премачкајте со целиот бел крем, повторете ја постапката со бисквитите и нутелата, но во обратен редослед бисквити-нутела. Врз нив, премачкајте го целиот црн крем и оставете ја во фрижидер да стегни неколку часа. Потоа, извадете ја од обрачот, премачкајте ја со шлаг и украсете по желба.
*** Оваа торtа е правена после полноќ :) така, во глуво доба и недостиг на концентрација и состојки, слоевите бисквити и нутела се малку пореметени :) Во првиот слој, нутелата е измешана со мелени бисквити и така е премачкан слојот, а во вториот дел, едноставно нутелата само фали, од погоре наведените причини. Како и да е, вкусот е сепак тој-одличен, а визуелно шарката ќе си ја замислиме : )
Лиценца: Сите права се задржани