Бистра супа со карфиол и кнедли од гриз
Овој рецепт може да се приготвува во две варијанти - бистра и кремаста супа.
Бистра супа
1. Во сад со водата која малку е посолена ставете да се варат кнедлите кој сте ги спремале по ваш омилен рецепт или по веќе од мене поставениот рецепт. Кога ќе бидат сварени извадете ги со решеткаста лажица и оставете настрана.
3. Во водата во која се вареа кнедлите додадете ги сецканиот морков, компир и карфиол измиен и искршен на цветчиња , малку зејтин и ставете нека се вари. Кога веќе е сварено - додадете ги кнедлите, нека заедно повријат кратко време... посолете, зачинете, поросете ситно сецкан магданос - послужете.
Крем супа
- За оваа супа ќе постапите исто како во предходно напишаното со тоа што на малку зејтин ставете да се на сосема тивко динсаат морковот, компирот и карфиолот, посолете и зачинете со бибер.
- Во динстаниот зеленчук по малку подливајте од водата во која се вареа кнедлите и нека продолжи да се на тивко вари. Целата количина на вода не ја ставате, туку одложете го остатокот од истата.
- Со стапен миксер измиксајте го динстаниот зеленчук, целото тоа заедно додадете во тенџерето со преостанатата вода и нека проврие за да се целото тоа спои. Пред самиот крај додадете ги кнедлите и тргнете го тенџерето од огнот.
Послужете посипувајки во тањирот ситно рендан морков и ситно сецкан магданос.
Ова е мој втор предлог, а носечкиот рецепт е бистрата супа.
Лиценца: Сите права се задржани