Бистра супа со просо и ѓумбир
Кој е љубител на супи, верувам дека ќе ја проба и оваа, мојата.
Во сад на оган ставете мн малку масло.
Додадете рендано морковче и пржете.
Ставете мало лажиче брашно па по една митка додадете ја водата.
нека почне да врие па ставете ја коцката супа и просото.
Зачинете и оставете да проврие додека се стопи коцката супа
( отприлика 5-6 минути )
Тргнете од оганот и зачинете со мелен ѓумбир и сецкан магдонос.
Покријте со капак и оставете уште 1о минутки нека постои да набабри просото.
Потоа супата е готова.
Некој просото го сака да му крцка, па затоа можете да ја конзумирате супата и веднаш без да отстои.
За просото има мн. да се каже, а јас ќе кажам дека има многу лековити својства и игра голема улога во здрвиот начин на исхрана.
Јас лично правам и десерти од просото.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови