Оваа супа ако е од домашно одгледано коковче или петленце е мераци прави,
 
- Излупете го кромидот, исечете на половина и испечете го на загреана ригла свртувајки го пресекот надоле.
- Во поголемо тенџере налијте вода, додадете го испечениот кромид и сите останати состојки освен листовите од магданос и целер, заедно со месото нека се варат на тивок оган.
- Кога е сварено месото, извадете го кромидот, не е потребен веќе, тој си ја завршил својата улога, додадете од тестенината (фиде или кнедли) која сте ја избрале вие и вратете повторно да се вари. Кога е варена тестенината, тргнете и додадете го ситно сецканиот магданос и целер.
Сервирајте со парче лимон.

Забелешка
- ако варите во експрес лонец, тогаш ке се свари побргу и за пократко време
- ако варите во обично тенџере - варете го на потивок оган за да не ви испари водата, ако се тоа случи, тогаш додадете топла вода.
- а ако варите во сад како што е гурметот, тогаш нема потреба од тоа, ќе се вклучи на бавно варење и се ќе е тука на место, нема додавање.
-ако не сакате бистра супа, тогаш можете да додадете во неа и кисело млеко или павлака со додадена жолчка
- Јас кога ставам да се вари месото, корените од целерот, магданосот и морковите ги ставам цели, пред самото ставање на тестенините ја цедам супата, ги сечкам, кога како, некогаш и веќе исецкани, како ви е полесно - така додадете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани