Си ги купив наведените состојки и ја направив оваа екстра мешавина за супа. Ние сме воодушевени, па ја ставам и во манџи, чорби, тави и сл.
Подготовка
Сите состојки ги промешувате и ги ставате во една зипер кеса или тегла. Кога сакате да правите супа дозата е следна: во 350 мл зовриена вода ставате 2 лажици од подготвената мешавина и оставате да врие на тивко 15 минути. Супата е спремна за конзумирање. Пријатен апетит!

Забелешка
Кога правам супа си ставам во неа и свеж зеленчук, на крајот и некое фиде знам да ставам, зависи како сум расположена. Доколку не ви е солена додадете си сол, а можете да додадете и маслиново масло по вкус.