Багелс пециво
Квасецот растворете го во водата, па заедно со другите состојки измесете тесто.
Оставете го на топло да се дуплира. Потоа од тестото направете 14 топчиња.
Приклучете ја релната на 210 ц, а на рингла ставете ја водата со солта и содата да зоврие. На плехот за печење ставете хартија и премачкајте ја со масло.
Кога ќе зоврие водата, ставајте по две топчиња од тестото и варете ги триесетина секунди максимум. Со решеткаста лажица вадете ги и ставајте ги на плехот.
Одозгора пресечете ги со остар нож или со жилет, наросете ги со крупна сол и ставете ги да се печат. Сепечат околу дваесетина минути, да добијат убава боја. Кога ќе ги извадите, не ги покривајте и не ги чувајте во најлон.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Тава со рачки
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
...а за вкусни ич не се сомневам ;)
Ги правев без маргарин,па верувам дека со него би биле уште поубави,но и вака излегоа сосема успешни.Им го доловив вкусот на оние купечките переци :)
Со засекувањето не ми одеше баш,па распукаа по нивна желба,значи декорацијата ,освен сол и сусам,не е од мене.
Фала,рецептот е прекрасен