Квасецот растворете го во водата, па заедно со другите состојки измесете тесто.
Оставете го на топло да се дуплира. Потоа од тестото направете 14 топчиња.
Приклучете ја релната на 210 ц, а на рингла ставете ја водата со солта и содата да зоврие. На плехот за печење ставете хартија и премачкајте ја со масло.
Кога ќе зоврие водата, ставајте по две топчиња од тестото и варете ги триесетина секунди максимум. Со решеткаста лажица вадете ги и ставајте ги на плехот.
Одозгора пресечете ги со остар нож или со жилет, наросете ги со крупна сол и ставете ги да се печат. Сепечат околу дваесетина минути, да добијат убава боја. Кога ќе ги извадите, не ги покривајте и не ги чувајте во најлон.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Тава со рачки

Тава со рачки

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови