Ќофтиња во сос во земјана тава
1. Кромидот и лукот ситно се сецкаат во длабок сад, потоа сите состојки за ќофтињата (освен кромпирите) се додаваат и убаво се промешуваат и се прават немногу дебели и широки ќофтиња (подобро да бидат во овална форма).
2. Компирите се сецкаме на тенки долги парчиња и се става по 2-3 во средината на ќофтето, потоа убаво ги покриваме со месото. Така ги припремаме сите ќофтиња со кромпирите и ги пржиме од сите страни. Испржените ќофтиња се ставаат во земјана тава.
3. Сос. Кромидот ситно се сецка и се пржи во малку масло, потоа се додава топлата вода
4. Во половина чаша ладна вода додаваме брашното и убаво се промешуваме, потоа се додава томатната паста и павлаката. Смесата се промешува и се додава кај кромидот, па се посолува и се додава коцката за супа. По потреба може да се додаде уште малку топла вода.
5. Сосот се вари околу 5-7 минути и се полева врз ќофтињата, потоа се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути.
6. Од кога ќофтињата се подпечат ги вадиме од рерната и ги превртуваме, па ги печеме до готовност.
Лиценца: Сите права се задржани